0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пирло одбил екипи од Премиер лигата и Серија „А“

Вчера поранешниот фудбалер беше официјално промовиран за тренер на „бјанконерите“ до 23 години, кои настапуваат во третото ниво на италијанскиот фудбал.

Торино, 1 август 2020 (МИА)- Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло откри дека отфрлил понуди од англиски тимови во Премиер лигата за да го преземе младинскиот состав на Јувентус како тренер.

Вчера поранешниот фудбалер беше официјално промовиран за тренер на „бјанконерите“ до 23 години, кои настапуваат во третото ниво на италијанскиот фудбал.

– Имав многу тренери, сите ме научија многу – Карло Анчелоти, Марчело Липи, Антонио Конте и Масимилијано Алегри, но мислам дека секој треба да работи на свој начин. Мојот тим ќе мора да игра добро, секогаш ќе мора да игра за да победи. Како играч, мразев многу работи и не сакам да ги гледам како тренер. Имав и понуди од екипи на Серија „А“ и Премиер лигата, но почувствував дека ова е местото за да ја започнам мојата тренерска кариера, рече Пирло.

Таг
Back to top button
Close
Close