0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пирло: Ми треба нов напаѓач што е можно поскоро

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ја коментираше денешната контрола со Новара, која неговиот тим ја доби со 5-0.

Торино, 13 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ја коментираше денешната контрола со Новара, која неговиот тим ја доби со 5-0.

– Среќен сум по контролната. Со сите играчи се сретнавме едвај во четвртокот. Имавме само два дена да се подготвиме за овој натпревар, но момците се посветени. Во тимот мора да има ентузијазам. Играчите почнуваат да се навикнуваат на новиот вид на работа и да се забавуваат. Ова е најважната работа – да се започне одново. Пред нас е долга сезона и сега ќе имаме време и можност да работиме заедно. Пробуваме различни идеи. Во првото полувреме започнавме со одбрана од четири, која се претвори во три. Во второто полувреме останавме со три во одбрана и три во напад. Затоа, пробуваме повеќе решенија. Имаме уште една недела да се подготвиме за почетокот на сезоната, вели Пирло.

Тој исто така истакна дека му треба нов напаѓач што е можно поскоро по очекуваното заминување на Гонзало Игуаин.

– Да, ми треба нов напаѓач што е можно поскоро, но преодниот рок е долг и ќе се затвори на почетокот на октомври. Ќе има време да се работи во овој поглед. Се уште постои надеж следната недела да ги видиме навивачите барем на дел од стадионот. Ни требаат, но истото важи и за целиот италијански и европски фудбал. На Кристијано Роналдо му оди добро, тоа го покажа денес, како и со репрезентацијата. Тој се движи со леснотија и е подготвен да направи силна сезона, изјави тренерот на „бјанконерите“ по мечот.

Таг
Back to top button
Close
Close