0_Спорт.ПорталФудбал

Пирло кандидат за наследник на Сари на тренерската позиција во Јувентус

Андреа Пирло може да стане нов главен тренер на Јувентус, пренесува „Sky Sport Italia“. Претходно, тој го предводеше младинскиот тим на клубот од Торино.

Рим, 8 август 2020 (МИА) – Андреа Пирло може да стане нов главен тренер на Јувентус, пренесува „Sky Sport Italia“. Претходно, тој го предводеше младинскиот тим на клубот од Торино.

Денес, Јувентус го отпушти тренерот Маурицио Сари, по вчерашната елиминација од Лигата на шампиони. Најдобриот клуб во Серија А загуби од Лион во осминафиналето (0:1 и 2:1) поради правилото гол на гостински терен. Сари работеше во Јуве само една сезона.

Пирло играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија. Го освои Суперкупот на земјата двапати, националниот куп еднаш. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close