0_Спорт.ПорталФудбал

Пирло: Гвардиола е модел за млади тренери

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сподели своите размислувања за почетокот на неговата тренерска кариера.

Торино, 13 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сподели своите размислувања за почетокот на неговата тренерска кариера.

  • Почнав да работам како тренер кога завршив со играњето и страста за тоа почна да расте од ден на ден. За време на мојата кариера работев со одлични тренери – Мирчеа Луческу, Марчело Липи, Карло Анчелоти, Антонио Конте, Масимилијано Алегри. Имав среќа да работам со тренери од светска класа. Се обидов да „украдам“ по малку од сите. Сепак, Гвардиола е пример за млади тренери, го цитира Пирло италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

По две одиграни кола во новото првенство во Серија А, Јувентус којшто ја брани титулата,  има една победа и еден нерешен резултат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close