0_Спорт.ПорталФудбал

Пиоли сè уште не знае дали ќе остане во Милан

Стефано Пиоли кој синоќа го предводеше Милан до победа (4:2) против Јувентус во 31-то коло од италијанскиот шампионат, не сакаше да каже дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната.

Милано, 8 јули 2020 (МИА) – Стефано Пиоли кој синоќа го предводеше Милан до победа (4:2) против Јувентус во 31-то коло од италијанскиот шампионат, не сакаше да каже дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната.

Тој го потенцира карактерот на своите фудбалери кои негативата од два гола ја претворија во победа.

– Пофалете ги моите играчи за нивниот неверојатен менталитет и дух. Дури и во тешки времиња, тие покажуваат солидарност и продолжуваат да веруваат, па затоа беа наградени со оваа голема победа. Знаевме дека до неодамна, пласманот на табелата не ја одразуваше нашата сила, затоа се фокусиравме на работата и на она за што сме способни. Сега знам дека можам да сметам на сите што ќе влезат на теренот. Сите тие знаат што треба да направат. Јас лично не размислувам за 3 август или за иднината. Размислувам само за следниот натпревар. А што ќе биде по крајот на сезоната сега не можам да кажа, изјави Пиоли.

Тој на тренерското место во Милан дојде од Фиорентина во 2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close