0_Спорт.ПорталФудбал

Пиоли: Се надевам дека Ибрахимовиќ ќе се врати за дуелот со Интер

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли очекува за дербито со Интер во офанзивниот ред да се врати Златан Ибрахимовиќ.

Милано, 2 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли очекува за дербито со Интер во офанзивниот ред да се врати Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот денешниот натпреварот од 22. коло од Серија А со Верона (1:1) го пропушти поради настинка.

– Се надевам дека Златан ќе се врати на дербито. Имаше мала повреда, а потоа настинка. Шансите тој да игра со Интер се големи, соопшти Пиоли.

За дебито на Даниел Малдини, Пиоли вечи дека Милан има голем талент.

– Ова е способен човек, тој има талент, но само талентот не е доволен. Се надевам дека ќе продолжи со многу работа, истакна Пиоли.

Милан по 22 кола е на 8.место во Серија А со 32 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close