0_Спорт.ПорталФудбал

Пиоли: Против Јувентус покажавме дух на пожртвуваност

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли искажа пофални зборови за играта на неговите избраници на гостувањето кај Јувентус. Милан победи со 3:0 во натпревар од 35. коло на италијанскиот шампионат.

Торино, 10 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли искажа пофални зборови за играта на неговите избраници на гостувањето кај Јувентус. Милан победи со 3:0 во натпревар од 35. коло на италијанскиот шампионат.

– Тоа беше тим кој веруваше, покажа дух на пожртвуваност, даде сè и покажа квалитет. Сакаме да им се заблагодариме на нашите фанови кои навистина не трогнаа утрово со нивна поддршка. Имавме големи победи оваа сезона. Ова не е последен натпревар, па сè уште треба да продолжиме со добрите игри. Јувентус ја менува позицијата на одбранбени играчи и не бев сигурен дали ќе започнат со тројца или четворица дефанзивни играчи. Требаше да бидеме цврсти, компактни и да извршиме притисок врз секој што има топка, изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.

По овој натпревар, Милан со 72 бода се најде на третото место во Серија А, Јувентус со 69 бода е петти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close