0_Спорт.ПорталФудбал

Пике: Реал во првото полувреме беше најслабиот што некогаш сум го видел

Тој посочи дека Реал Мадрид во првото полувреме бил најслабиот што некогаш го видел.

Мадрид, 2 март 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, беше многу разочаран од поразот од Реал Мадрид со 0:2.

Тој посочи дека Реал Мадрид во првото полувреме бил најслабиот што некогаш го видел.

– Го контролиравме натпреварот во првото полувреме. Во тоа време, Реал беше слаб, можеби најслаб што сум го видел на „Сантијаго Бернабеу“. По паузата, тие ја изнесоа играта подалеку од своето поле и ни дадоа гол во најнеповолниот момент, прокоментира Пике.

Тој додаде и дека неговиот тим не играл доволно добро.

– Логично беше дека откако нема да ги искористиме нашите моменти пред паузата, ќе имаме проблеми потоа. Тие нè повредија, но не нè убија. Мислам дека имаме сили да ја освоиме титулата, убеден е дефанзивецот.

Таг
Back to top button
Close
Close