0_Спорт.ПорталФудбал

Пике: Горд сум на Барселона, тимот покажа дека сè уште е жив

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике по натпреварот од 25. коло во Ла Лига со Севиља (2:0), рече дека е горд на тимот.

Севиља, 27 февруари 2021 (МИА) – Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике по натпреварот од 25. коло во Ла Лига со Севиља (2:0), рече дека е горд на тимот.

– Последен пат кога морав да зборувам, имаше болни моменти. Јас сум многу горд на тимот. Се опоравивме од силните удари и тимот се издигна. Покажа дека сè уште е жив. Уверен сум дека ќе се бориме силно в среда на реванш полуфиналето во Купот на Шпанија со овој противник (Барса го загуби првиот натпревар со 0:2). Ако успееме на овој натпревар, тогаш сезоната ќе се сврти во наша полза, рече Пике.

По 25 кола Барселона има 53 бода, два помалку зад лидерот Атлетико Мадрид кој има и два натпревара помалку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close