КултураКултура.Портал

Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на „Луцерн Фестивал“ и на „Звуци на Алпите“ во Швајцарија

Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“ што ќе се одржи од 12 до 15 август во Швајцарија.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“ што ќе се одржи од 12 до 15 август во Швајцарија.

На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на „Луцерн Фестивал“, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се одржи во градот Луцерн во Швајцарија, од 10 август до 12 септември.

-На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат плејада од меѓународни ѕвезди, меѓу кои пијанистите Даниел Баренбоим и Јуџа Венг, мецосопранот Чечилија Бартоли, виолинистката Ен-Софи Мутер, диригентите Валери Гергиев и Сер Сајмон Ратл, а ќе гостуваат оркестри како Виенската филхармонија и Берлинската филхармонија, стои во соопштението од тимот.

Пијанистката Ана Велиновска во тим со специјалисти за нова класична музика ќе изведе швајцарска премиера на музиката на Ребека Саундерс, резидентната композиторка на Луцерн Фестивал 2021. свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close