Дописници МКДОпштински вести

Пијанец и Малешевијата под снег

Делчевци утрово се разбудија под снежна покривка, прва за 2020 година. Снегот е најизразен на повисоките места, а најмногу наврна на планината Голак. Како што информираат вработените во ЈП „Македонски шуми" подружница Голак - Делчево, кои вршат обиколка на теренот, снежната покривка изнесува 20 сантиметри.

Делчево, 5 февруари 2020 (МИА) – Делчевци утрово се разбудија под снежна покривка, прва за 2020 година. Снегот е најизразен на повисоките места, а најмногу наврна на планината Голак. Како што информираат вработените во ЈП „Македонски шуми” подружница Голак – Делчево, кои вршат обиколка на теренот, снежната покривка изнесува 20 сантиметри.

-Поради тоа што на Голак и минатата недела падна снег, снежната покривка е поголема и изнесува од 15 до 20 сантиметри. Теренот е тешко прооден и затоа сакаме да ги информираме граѓаните кои немаат добри зимски гуми да не ризикуваат за искачување, бидејки од третиот километар до Голак патот е непрооден, информира делчевската подружница.
Од „Македонија пат” која е одговорна за одржување на овој патен правец соопштија дека од утрово се расчистени главните патни правци на кои има снежни наноси, меѓу нив и патот до граничен премин Делчево.
-Патот Делчево – Голак е помалку фреквентен во работна недела и затоа приоритет ни беа останатите поважни патишта каде има поголема концентрација на возила. По целосното нивно расчистување ќе продолжиме со работа и на останатите делници под наша надлежност, меѓу кој и патниот правец до Голак, информираат од „Македонија пат”.
Освен во Делчево, утрово снежна покривка има и во Пехчево и Берово. Таму, како што информираат надлежните, снег има на повисоките места, додека по градските сообраќајници снегот не се задржува.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close