0_Спорт.ПорталОстанато

ПФСМ се оградува од трките во рамките на Македонскиот куп во далечинско пливање

Претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко, денес преку соопштение ја информира јавноста дека трките во рамките на „Македонскиот куп во далечинско пливање“ не се влезени во официјалниот натпреварувачки календар на федерацијата.

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко, денес преку соопштение ја информира јавноста дека трките во рамките на „Македонскиот куп во далечинско пливање“ не се влезени во официјалниот натпреварувачки календар на федерацијата.

– ПФСМ не е организатор на овие трки и тие не се официјални. Нив ги организира добро позната криминална групација „спортски експерти“ во пливање кои освен лежење и сончање покрај базен и езеро, сервисирање пловни објекти и буџетски средства од општините, немаат направено ништо друго последните 20 години, стои во соопштението на ПФСМ.

Маленко додава дека ПФСМ ги пријавила инволвираните лица до надлежните институции и се оградува од секаква одговорност за, како што вели, таквите рекреативни манифестации.

Инаку, реакцијата на претседателот на ПФСМ доаѓа три дена по одржувањето на пливачкиот маратон во Крушево во организација на ПК Вардар 2018. Во најава се уште четири маратонски трки низ целата држава. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close