0_Спорт.ПорталОстанато

ПФСМ: Изборот на македонски претставници на ОИ во спортот пливање, само по наш предлог

Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) се смета за единствена надлежна која може да дава предлози за учесници на Олимпијадата во спортот пливање.

Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) се смета за единствена надлежна која може да дава предлози за учесници на Олимпијадата во спортот пливање.

Во продолжение во целост го објавуваме соопштението на ПФСМ.

Како единствена надлежна и призната олимписка спортска федерација за водени спортови во нашата држава и единствен легален и признат од најрелевантни спортски институции (FINA, LENи ИОК) во светот, за нејзин репрезент надвор од нашите граници, информира дека избор на официјални претставници (пливачи и тренер) за настап на Олимписки Игри Токио 2020, во олимписки спорт – пливање исклучиво може да биде само со предлог и потврда од ПФСМ, според официјални критериуми од страна на FINA и ПФСМ правилник за добивање на универзална карта за настап на ОИ без исполнет FINA „А”или „Б”стандард.

Промена на официјални претставници (пливачи и тренер) за настап на ОИ во пливање може исклучиво да биде земено во предвид само со потврда и образложение од страна на ПФСМ кон МОК.

Секое погрешно толкување на правила и пропозиции согласно меѓународни утврдени критериуми еднакви за секоја олимписка спортска федерација во МОК и држава членка во ИОК, ќе биде најстрого санкционирано од страна на единствена матична федерација – ПФСМ и меѓународен Спортско Арбитражен Суд (САС)при ИОК – Лозана. Во прилог на наше соопштение ви доставуваме на увид официјални форми за учество на ОИ со универзална карта (покана), како и официјален документ-допис од Светска Пливачка Федерација (FINA) со јасно утврдени насоки согласно правила и пропозиции, официјален спортски извештај од Спортски директор на МОК испратен до делегати на Собрание на МОК, како и официјален став искажан и утврден од страна на раководство на МОК на состанок со олимписки спортски федерации во Хотел Парк&Спа – Скопје во Октомври 2019 година, како и официјална лична изјаваи потврда од доживотен почесен Претседател на МОК и почесен член на ИОК Проф. Др. Васил Тупурковски, за свесно нарушување на правила и пропозиции согласно Олимписки Статут и Етички кодекс, свесно манипулирање и злоупотреба на службена должност од страна на Претседател, Генерален Секретар и Спортски Директор на МОК, стои во соопштението на ПФСМ.

Од федерацијата додаваат дека нивен избор за настап на Олимписките игри во Токио се: Миа Блажевска Еминова во дисциплината 100м слободно и Давор Петровски во дисциплината 200м делфин. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close