Kultura.SlajderКултураКултура.ПорталОпштество

Петти меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“

Во тек на фестивалот што ќе трае до 24 следниот месец ќе бидат прикажани 10 филмови на оваа тематика од Русија, Чешка, Унгарија, Романија и Франција.  Ова е единствен фестивал со ваков жанр на филмови  и има цел да  придонесе за воздигнување на човечките, духовните  и семејни вредности во општеството, соопшти организаторот на фестивалот Топ Ворлд - независна ТВ продукција од Скопје.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) –  Во Кинотека во Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворено петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни,  хумани и културни вредности „Богородичен покров”.

Во тек на фестивалот што ќе трае до 24 следниот месец ќе бидат прикажани 10 филмови на оваа тематика од Русија, Чешка, Унгарија, Романија и Франција.  Ова е единствен фестивал со ваков жанр на филмови  и има цел да  придонесе за воздигнување на човечките, духовните  и семејни вредности во општеството, соопшти организаторот на фестивалот Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.

На отворањето на фестивалот во име на почесниот претседател проф.д-р Јован Таковски, ќе се обрати протојерej-ставрофор, деканот на Богословски факултет  Св. Климент Охридски Ѓоко Ѓорѓевски кој ќе ги додели и дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите. Во културната програма ќе настапат дел од групата Синтезис и вокален ансамбл  Мелизма.

Основачи на фестивалот се покојниот Коле Јовановски, ТВ монтажер и режисер од МТВ, автор на илјадници ТВ програми, најголем број дела за историјата на Македонија и МПЦ-ОА  и Зорица Костовска, ТВ и филмски продуцент и теолог.  Членови на Програмскот совет  се Драги Таневски – директор на фотографија, Владимир Ангелов-филмолог, проф. Антонио Митриќески-режисер, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и Зорица Костовска, директор на фестивалот.

Влезот на сите проекции  е слободен. лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close