0_Спорт.ПорталФудбал

Петта сезона по ред, Левандовски постигна 40+ голови за Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна гол од пенал на дуелот со Унион Берлин што е во тек.

Берлин, 17 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна гол од пенал на дуелот со Унион Берлин што е во тек.

За 31-годишниот полски фудбалер ова беше 40-ти погодок во сезоната за минхенскиот клуб. Тој постигна 26 голови во германскиот шампионат, 11 во Лигата на шампионите и три во Купот на Германија.

Така, Левандовски стигна до 40 или повеќе голови за Баерн петта година по ред. Тој беше најефикасен во сезоната 2016/17 кога даде 43 гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close