0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Петстотини златни балони за подигање на свесноста за децата со карцином

​Петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитети ќе бидат пуштени денеска од плоштадот „Македонија“ во Скопје  на настанот „Убаво е да си херој“.

Скопје, 19 септември 2020 (МИА) – ​Петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитети ќе бидат пуштени денеска од плоштадот „Македонија“ во Скопје  на настанот „Убаво е да си херој“.
Активноста по повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети, ја организира Универзитетската клиника за детски болести.
На настанот е најавено присуство на министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска Алулоска. лв/ац/

Back to top button
Close
Close