0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Петровска: Во Битола зазеленуваме нови површини

Во Битола вршиме зазеленување на нови површини, оформуваме нови детски паркови, а при заштита на објекти внимаваме на нивната енергетска ефикасност, истакна градоначалничката Наташа Петровска на Светскиот ден за заштита на животната средина.

Битола, 5 јуни 2021 (МИА) – Во Битола вршиме зазеленување на нови површини, оформуваме нови детски паркови, а при заштита на објекти внимаваме на нивната енергетска ефикасност, истакна градоначалничката Наташа Петровска на Светскиот ден за заштита на животната средина.

Локалната самоуправа со мобилни тимови на ЈП „Комуналец“ во рамки на еколошката акција, денеска чистеа и уредуваа на повеќе локации во градот.

– Градот има нов лик, цветен, оплеменет, со нови зелени содржини, со нови рекреативни површини наменети за сите генерации. На сите нас останува да ги чуваме и заедно да дадеме придонес за заштита на животната средина, посочи Петровска.

ЈП „Комуналец“ и битолчани доброволци денеска чистеа во населбата Горно Оризари, „Димче Лахчански“, РЕМО и во околината на Правен факултет каде се вршеше чистење на мини депонии, косење, метење, миење, утовар на органски смет и собирање на хартија.мт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close