0_Македонија.ПорталПолитика

Петровска: Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки. Ова се наведува во соопштението на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска како одговор на изнесените ставови на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска соопшти дека постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.
– За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови. Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки, стои во соопштението на Петровска во врска со ставовите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Институциите, како што се посочува, работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси.
– Компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40 отсто сопственик е државата, СР Германија, потенцира Петровска. мд/рп/

Back to top button
Close
Close