0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Петровска од СВР Охрид ги повика полицајците за време на изборниот ден да го покажат својот личен и професионален интегритет

Претстојните парламентарни избори на 15 јули биле главната тема на денешната работната средба меѓу дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Охрид.

Охрид, 12 јули 2020 (МИА) – Претстојните парламентарни избори на 15 јули биле главната тема на денешната работната средба меѓу дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Охрид.

-Како Министерство се соочуваме со нов предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори и јас сум уверена дека и оваа задача успешно ќе ја завршиме. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и во постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување, истакна Петровска.

Раководството на СВР Охрид, како што соопшти МВР, ја информирале заменик министерката дека нема индиции за нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста и дека се направени сите подготовки за извршување на зголемениот обем на работа, дефинирани се контактите и координацијата со општинските изборни органи. Петровска била информирана дека навремено била извршена обука на полициските службеници за законските права и обврски за време на избори и дека ќе се преземат сите потребни активности за изборите да бидат фер и демократски. бк/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close