0_Спорт.ПорталКошарка

Петровиќ нов тренер на Академија ФМП

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП со нов тренер ќе ја започне наредната кошаркарска сезона 2020/21. Нов предводник на тимот од Кисела Вода е Александар Петровиќ, доаѓа од екипата на Куманово каде што ги помина последните три сезони.

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Академија ФМП со нов тренер ќе ја започне наредната кошаркарска сезона 2020/21. Нов предводник на тимот од Кисела Вода е Александар Петровиќ, доаѓа од екипата на Куманово каде што ги помина последните три сезони.

– Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи кои ќе имаат поддршка од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа, изјави Петровиќ за клупската веб-страница на Академија ФМП.

Во досегашната тренерска кариера, Петровиќ бил на клупата на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Пелистер, Куманово и бил селектор на јуниорската репрезентација.

Со ангажманот на Петровиќ, клубот сака да прерасне во еден стабилен прволигаш, да биде достоен противник на сите екипи и да го задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона.

Претходната сезона клубот го водеа Гацов и Мирковски, на кои раководството на Академија ФМП им се заблагодарува за постигнатите резултати и им посакува успешна кариера. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close