0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Петров: Голем интерес од компаниите за финансиската поддршка од 14.500, следува нов пакет мерки

Скопје, 11 мај 2020

Скопје, 11 мај 2020
Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места,  да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.
Заклучно со 7-ми мај, од одобрените 631 кредитни апликации за Ковид1 бескаматната линија од 4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41% од одобрените апликанти.
Од првата група одобрени кредитни апликации, која Владата ја одобри на 8-ми април за 136 компании со 1737 вработени, се исплатени 93% од апликантите. Од втората група одобрени апликации, која Владата ја одобри на седница на 14 април за 118 компании со 1116 вработени, се исплатени 89% од компаниите. Третата група кредитни апликации која Владата ја одобри на 28-ми април за 377 компании со 2735 вработени, се исплатени 7% од компаниите. Исплатата на компаниите се прави редовно, секој работен ден, како што се завршуваат административните процедури започнувајќи од 15ти април кога се исплатија првите средства од оваа кредитна линија.
За бескаматната кредитна линија КОВИД 2 од 8 милиони евра, која беше отворена и за која пријавите се уште се во тек, веќе аплицирале над 2400 компании.
За финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, за која работодавачите можеа да аплицираат до 7ми мај, за месец април поднесени се вкупно 23 861 Барањa,  а се однесуваат за 21 542 компании.
За оваа мерка имаат аплицирано и 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.
Овие бројки кажуваат дека секоја трета компанија има аплицирано за финансиска помош до 14.500 денари за исплата на плата по вработен.
Економскиот совет на СДСМ во моментов работи и  на нов пакет мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
Ние веруваме и дека секоја криза е и нова можност.
Веќе гледаме како некои индустрии се добри примери кои видоа можности и ги искористија во оваа криза. Текстилните компании направија брза адаптација, па така извозот на маски, скафандери и  друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем со април минатата година, април 2020 изнесува 390 милиони денари, а април 2019 изнесува 135 милиони денари.
Истото, го гледаме и во земјоделството каде имаме зголемен извоз на раноградинарски култури.
СДСМ покажа дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.
Почитувани граѓани, заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни.
Коста Петров, потпретседател на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close