БалканБалкан.Портал

Петмина шумски работници загинаа во експлозија во Турција

Петмина шумски работници кои оделе на работа загинаа од експлозија на импровизирана експлозивна направа во близина на градот Кулп, југоисточна Турција.

Истанбул, 8 април 2020 (МИА) – Петмина шумски работници кои оделе на работа загинаа од експлозија на импровизирана експлозивна направа во близина на градот Кулп, југоисточна Турција.

Локалните власти за експлозијата ги обвинија бунтовниците од провинцијата Дијарбакир, кои во минатото изведуваа слични напади.

Како што пренесуваат турските медиуми, војската започна акција за да ги пронајде напаѓачите.

Курдистанската работничка партија (ПКК) честопати правеше немири во тој дел на Турција, претежно населен со Курди, во кои настрадаа неколку десетици илјади луѓе. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close