ЕвропаЕвропа.Портал

Петмина повредени во пожар и експлозија на гас во Москва

Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.

Москва, 26 август 2020 (МИА)Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.

Како што јави агенцијата ТАСС, спасени се 16 лица.

„Пожарот е изгаснат“, соопшти прес-службата на секторот на руското Министерство за вонредни ситуации во Москва.

Обвинителството потврди дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас што се случила рано утрово, а ги зафатил становите меѓу третиот и петтиот кат.

Во тек е истрага за причината за експлозијата и пожарот. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close