Дописници МКДОпштински вести

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од КОВИД-19 во Кичево

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат, е денешниот КОВИД биланс во Кичево.

Кичево, 13 август 2020 (МИА) – Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат, е денешниот КОВИД биланс во Кичево.

Според Министерството за здраство, вкупниот број заразени со КОВИД-19 во оваа општина достигна 225 лица од кои 125 се активни, 90 излекувани, а десет се починати.

-Денеска имаме пет новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација. Има и седум оздравени, но за жал, денеска една пациентка на возраст од 80 години ја загуби битката од коронавирусот, информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб.

Тој апелира граѓаните да се држат до препораките за заштита, дадени од надлежните здравствени институции. рз/мч/

Back to top button
Close
Close