Некатегоризирано

Пет лица повредени во експлозија во воен објект во Русија

Москва,22 март 2020 (МИА) – Пет лица се повредени денеска во експлозија на муниција во артилериски магацин во близина на градот Мурманск, на северозапад од Русија, јави Тасс.

Според руската агенција, во магацинот имало муниција од различен калибар.

Експлозијата не предизвикала пожар, се додава.

Руската Северна флота соопшти дека поврдените лица с епрефрлени во воена болница и дека сите се надвор од животна опасност. сд/

Back to top button
Close
Close