0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пет фудбалери на Ливерпул во идеалниот тим на УЕФА за минатата година

Европската фудбалска федерација УЕФА на својата официјална веб-страница го претстави симболичниот тим на годината по резултатите од сезоната 2018/19. Во него најмногубројни се играчи од европскиот шампион Ливерпул.

Нион, 15 јануари 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација УЕФА на својата официјална веб-страница го претстави симболичниот тим на годината по резултатите од сезоната 2018/19. Во него најмногубројни се играчи од европскиот шампион Ливерпул.

Тимот е избран со гласање на читателите на веб-страницата на организацијата.

Во идеалниот тим на УЕФА за сезона 2018/19 се најдоа:

Голман: Алисон Бекер (Ливерпул);

Дефанзивци: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лихт (Ајакс /Јувентус), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Ендру Робертсон (Ливерпул);

Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс /Барселона), Кевин де Бруин (Манчестер сити);

Напаѓачи: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Садио Мане (Ливерпул). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close