Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Пет држави од ЕУ се кренаа против “здравствената лотарија“ на Новартис

Министрите за здравство на Белгија, Холандија, Луксембург, Австрија и Ирска во заедничка декларација остро ја осудија иницијативата на фармацевтскиот гигант Новартис да организира лотарија за еден од најскапите лекови на светот.

Брисел, 30 јануари 2020 (МИА) – Министрите за здравство на Белгија, Холандија, Луксембург, Австрија и Ирска во заедничка декларација остро ја осудија иницијативата на фармацевтскиот гигант Новартис да организира лотарија за еден од најскапите лекови на светот.

Станува збор за лекот Золгенсма, терапија за деца заболени од ретката болест спинална мускулна атрофија. Лекот чини над два милиони долари и е во процес на одобрение од европските здравствени власти.

Фармацевтскиот гигант Новартис неодамна објави дека ќе организира лотарија на која сто болни бебиња ќе бидат избрани за да го добијат лекот бесплатно.

Министрите за здравство на Белгија, Луксембург, Холандија, Австрија и Ирска преку заедничка писмена декларација изразија згрозеност од оваа иницијатива и повикаа да се олесни пристапот до оваа терапија.

-Високиот степен на неизвесност и нетранспарентноста на постапката се едноставно неприфатливи. Ова покажува отсуство на искрена посветеност кон пациентите и само го зголемува очајот во кој живеат семејствата преку давање лажна надеж. Ако ја сведеме судбината на пациентот на лотарија го негираме човечкото достоинство и моралните вредности, пишува во писмото на петте министри.

Тие го повикуваат Новартис, но и Авексис, да се ангажираат во “вистински дијалог“ со нивните држави и да го ревидираат нивниот систем на рана набавка за да може на децата да им се обезбеди траен и етички пристап до терапијата по пазарната авторизација.тм/сд/

Back to top button
Close
Close