Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Песков: Трамп не е марионета на Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Доналд Трамп не е марионета на Владимир Путин, коментирајќи ги обвинувањата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател манипулирал со својот американски колега.

Москва, 19 јуни 2020 (МИА)Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Доналд Трамп не е марионета на Владимир Путин, коментирајќи ги обвинувањата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател манипулирал со својот американски колега.

Не, Трамп не игра онака како што Путин свири. Тоа што Путин го мисли за Трамп повеќе пати и лично го има кажано во бројни интервјуа, рече Песков.

Тој додаде дека Путин не смета дека е можно лесно да се манипулира со Трамп.

Болтон објави книга со мемоари под наслов „Собата каде што тоа се случи: Мемоарите на Белата куќа“, во која наведува дека Трамп ги ублажил своите ставови за Венецуела, откако разговарал со Путин. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close