0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Перишиќ се врати во Интер, Баерн одби да го купи

Перишиќ минатата сезона ја помина во Германија на позајмица. Баерн му плати на Интер 5 милиони евра и можеше да го откупи играчот за 20 милиони. Сепак, Германците се обидоа да ја намалат големината на трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат.

Минхен, 9 септември 2020 (МИА) – Крилото Иван Перишиќ се врати во Интер. Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, за „Абденцејтунг“ изјави дека Баварците се откажуваат од опцијата за купување на правата на 31-годишниот Хрват.

Перишиќ минатата сезона ја помина во Германија на позајмица. Баерн му плати на Интер 5 милиони евра и можеше да го откупи играчот за 20 милиони. Сепак, Германците се обидоа да ја намалат големината на трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат.

Минатата сезона Перишиќ одигра 35 натпревари, постигна 8 гола и направи 10 асистенции.

И другите двајца, кои беа отстапени на „Алијанц Арена“ – Филипе Кутињо и Алваро Одриосола, исто така се вратија во своите тимови, односно во Барселона и Реал Мадрид.

Таг
Back to top button
Close
Close