Svet.SlajderСветСвет.Портал

Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена

Анализите покажуваа дека просечниот период на инкубација трае околу 10 дена, најкраткиот е околу еден ден, а најдолгиот околу две недели, изјави Ксивеи.

Пекинг, 26 јануари 2020 (МИА) – Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена, изјави Ма Ксивеи, шеф на кинескиот државен комитет за здравство на прес-конференција во неделата.

– Анализите покажуваа дека просечниот период на инкубација трае околу 10 дена, најкраткиот е околу еден ден, а најдолгиот околу две недели, изјави Ксивеи.

Новиот вид на коронавирус може да се пренесе и за време на периодот на инкубација, нешто што е карактеристично за обичните вируси. Според најновите официјални бројки, 2.027 луѓе се заразени во Кина, а досега има 57 жртви. зш/

Back to top button
Close
Close