КултураКултура.Слајдер

Перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, македонски претставник на Фестивалот „Mлади Леви” во Љубљана

Македонскиот победник на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019, „Оваа зграда зборува (на)вистина“, ќе се претстави на 24. Меѓународен фестивал „Mлади Леви” во Љубљана.

Скопје, 28 август 2021 (МИА) – Македонскиот победник на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019, „Оваа зграда зборува (на)вистина“, ќе се претстави на 24. Меѓународен фестивал „Mлади Леви” во Љубљана.

Перформансот ќе биде изведен во зградата на старата електрична централа во Љубљана, Словенија во рамки на 24. издание на еден од најзначајните фестивали во Европа, меѓународниот фестивал за перформативни уметности „Млади Леви”.

Како што информираат од тимот „Оваа зграда зборува (на)вистина” е перформативна инсталација за историјата на Скопје во размер 1: 100, која ја доби главната награда Златна Трига на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2019 година и оттогаш гостуваше на повеќе меѓународни фестивали како МОТ во Скопје и БИТЕФ во Белград.

Перформансот е куриран од Ивана Васева, а е во изведба на актерката Кристина Леловац, чија брехтовски инспирирана нарација ја води публиката низ едно кондензирано искуство за Железничката зграда во Скопје или за Скопје кое претпре длабока трансформација во изминатите децении, со потсетување дека модернистичкиот просторен менталитет е под закана да се избрише од секој град.

„Оваа зграда зборува (на)вистина” е продуциран од Музеј на град Скопје во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат – ФР~У специјално за Прашкото квадриенале а за гостувањето во Љубљана продуцент е Емилија Чочкова со техничка поддршка на Иванчо Велков.

Изведбата на ,,Оваа зграда зборува (на)вистина” на „Млади Леви” во Љубљана е дел од годинешното, шеснаесетто издание на АКТО Фестивалот за современи уметности кој е во организација на Факултет за работи што не се учат – ФР~У. Целосната програма на 16. АКТО ќе биде дополнително објавена а во моментот ФР~У во соработка со Арт проект лаб работи на нов продукција, перформанс за Централната зграда на Македонска пошта, чија премиера се очекува при крајот на септември. свс/мч/

Таг
Back to top button
Close
Close