Линк во живоОпштество

Перформанс „СВИРИ КРАЈ!“, Регионална антикорупциска иницијатива (во живо)

Продолжува симболичниот перформанс на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), преку кој граѓаните имаат можност да се приклучат на борбата против корупцијата. Со притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“ на централниот плоштад во Скопје за 8 часа, колку што трае едно вообичаено работно време, граѓаните симболично спасија 34 милиони денари од уништување преку корупција.

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА)  – Продолжува симболичниот перформанс на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), преку кој граѓаните имаат можност да се приклучат на борбата против корупцијата. Со притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“ на централниот плоштад во Скопје за 8 часа, колку што трае едно вообичаено работно време, граѓаните симболично спасија 34 милиони денари од уништување преку корупција.

Целта на перформансот „СВИРИ КРАЈ!“ е да го сврти вниманието на јавноста на штетата што корупцијата им ја нанесува на општеството и граѓаните, но и на значајната улога што секој поединец ја игра во борбата против корупцијата. Граѓаните преку притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“ го запираат процесот на уништување на нивните пари, кој се одигрува во транспарентна кутија пред нивните очи. На овој начин симболично се укажува на индивидуалната моќ на поединецот и ефектите од неговата проактивниот пристап во борбата против корупцијата во општеството.

Регионалната антикорупциска иницијатива е меѓународна организација што обединува 9 земји од регионот околу заедничка цел – борба против корупцијата. Кампањата „СВИРИ КРАЈ!“ се спроведува во рамки на проектот „Прекини ја тишината: Зајакнување на политиките и културата на пријавување на корупцијата од страна на „укажувачите“ во земјите на Западен Балкан и Молдавија“, финансиски поддржан од Европската Унија.скс/

Back to top button
Close
Close