0_Спорт.ПорталОстанато

Перез најавува заминување од Рејсинг поинт на крајот на сезоната

Возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перез најави заминување од Формула 1 тимот на крајот на сезоната. Возачот го објави ова на својот Твитер.

Лондон, 10 септември 2020 (МИА) – Возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перез најави заминување од Формула 1 тимот на крајот на сезоната. Возачот го објави ова на својот Твитер.

Перез вози за Рејсинг поинт (поранешна Форс Индија) од 2014 година. Како член на тимот, тој го освои третото место пет пати во трките од шампионатот во Формула 1.

Според неофицијални информации од голем број медиуми, местото на Перез во тимот ќе го заземе четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој сега е член на Ферари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close