0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Переира и Лингард ќе се разделат со Манчестер Јунајтед

Двајцата играчи од средниот ред не можат да најдат место во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ под водство на Оле Гунар Солскјер.

Манчестер, 26 февруари 2020 (МИА) – Андреас Переира и Џеси Лингард веројатно ќе го напуштат Манчестер Јунајтед во текот на летото, пренесуваат британските медиуми.

Двајцата играчи од средниот ред не можат да најдат место во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ под водство на Оле Гунар Солскјер.

Разделбата со 24-годишната Переира и 27-годишниот Лингард може да помогне во привлекувањето на Џек Грилиш од Астон Вила на „Олд Трафорд“. Играчот од средниот ред е вреден околу 60 милиони фунти.

Лингард и Переира имаат договори со Манчестер Јунајтед до летото 2021 година.

Таг
Back to top button
Close
Close