0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Пеп за мечот со Реал: Тешко е да се предвидат тактиките на Зидан

Како поранешен играч и тренер на Барселона, Гвардиола исто така мораше да одговори на прашањето дали мечот со Реал е посебен за него.

Манчестер, 6 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека е многу тешко да се дешифрираат тактиките на неговиот колега од Реал Мадрид, Зинедин Зидан, затоа што Французинот секогаш може да излезе со нешто ново. Двете екипи ќе играат утре на „Етихад“ во реванш дуелот од осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ имаат предност од 2:1 по првиот меч.

– Тешко е да се предвидат тактиките на Зидан. Кога мислите дека знаете што ќе направи, тој доаѓа со нешто поразлично. Ги гледавме сите дуели на Реал после рестартирањето и разговаравме за тоа како мислиме дека ќе започнат. Но, разговаравме многу повеќе за тоа што треба ние да правиме, рече Шпанецот.

Како поранешен играч и тренер на Барселона, Гвардиола исто така мораше да одговори на прашањето дали мечот со Реал е посебен за него.

– Без разлика дали играм против Реал Мадрид или не, јас секогаш ќе ја поддржувам Барселона. Но, кога играм против Барселона, исто така сакам да ги победам. Искрено, нема ништо посебно во тоа. Јас ја сакам победата заради нашите играчи и нашиот клуб, посочи Каталонецот.

Гвардиола откри дека топ-стрелецот на тимот, Серхио Агуеро може да биде подготвен за преостанатите натпревари во Лисабон, во случај Сити да успее да го елиминира Реал и да се квалификува во осминафиналето.

– Серхио е во Барселона. Неговата состојба се подобрува. Разговарав со лекарите. Се надевам дека ќе може да ни се придружи, но сè уште не знам со сигурност, додаде Пеп.

Таг
Back to top button
Close
Close