0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Пеп за Артета: Арсенал не може да најде подобар тренер

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искажа пофални зборови за предводникот на Арсенал, Микел Артета кој се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати на тимот во Премиер лигата.

Лондон, 15 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искажа пофални зборови за предводникот на Арсенал, Микел Артета кој се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати на тимот во Премиер лигата.

– Арсенал не може да најде подобар тренер кој ќе го води клубот во наредните години. Не треба да му давам поддршка, бидејќи тој веќе ја има, тој знае за тоа. Артета е секако еден од најдобрите тренери со кои некогаш сум работел и сум го видел лично – поради неговата личност, посветеност, љубов кон неговиот клуб. Јас сум прилично сигурен дека тој ќе промени сè и ќе направи како што сите очекуваат. Понекогаш е потребно време кога клубот не е во најдобриот период. Да бев во управниот одбор на Арсенал, немаше да се сомневам во неговото ниво и способност, изјави Гвардиола.

За потсетување, Артета беше асистент на Гвардиола во Манчестер сити од 2016 до 2019 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close