БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Пензиите во Словенија пораснаа за 3,2 отсто

Пензиите во Словенија овој месец ќе бидат за 3,2 отсто повисоки во споредба со минатиот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 18 февруари 2020 (МИА) – Пензиите во Словенија овој месец ќе бидат за 3,2 отсто повисоки во споредба со минатиот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова покачување е резултат на таканареченото порамнување, а Фондот за пензиско осигурување за оваа намена одви 1.720.000 евра. Така, оние кои добиваат пензија во висина од 600 евра, овој месец ќе добијат 19,20 евра повеќе и нивната пензија ќе изнесува 619,20 евра.

Следното зголемување на пензиите е предвидено кон крајот на годината. Тогаш пензиите ќе се зголемат за дополнителни 6,50 евра. ав/

Таг
Back to top button
Close
Close