Svet.SlajderСветСвет.Портал

Пентагон: При иранскиот напад врз ирачката база Ал Асад повредени беа 11 американски војници

Единаесет американски војници беа повредени за време на иранскиот напад врз базата Ал Асад во Ирак, иако Пентагон претходно тврдеше дека никој не бил повреден

Вашингтон, 17 јануари 2020 (МИА) – Единаесет американски војници беа повредени за време на иранскиот напад врз базата Ал Асад во Ирак, иако Пентагон претходно тврдеше дека никој не бил повреден.

– Иако ниту еден припадник на американските сили не загина во нападот што се случи на 8 јануари, неколкумина се лекуваат од симптоми потрес на мозок од експлозиите и нивната состојба се уште се проценува, соопшти воената коалиција предводена од САД, која во Ирак и Сирија се бори против Исламска држава, јави Си-Ен-Ен.

Повредените војници од базата во Ирак се префрлени во Регионалниот медицински центар Ландштул во Германија поради понатамошни анализи и се очекува да се вратат на должност кога ќе бидат прогласени за способни.

Претставник на американската армија за Си-Ен-Ен изјави дека при нападот, извршен во знак на одмазда поради убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, се повредени 11 војници.

И американскиот секретар за одбрана Марк Еспер минатата недела изјави дека според првичните проценки, при нападот врз воените бази во Ирак, каде се стационирани американските војници причинета е само материјална штета. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close