Дописници СветСветСвет.Портал

Пенс избегна да го каже слоганот „Црните животи се важни“

Американскиот потпретседатател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „Црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“.

Вашингтон, 21 јуни 2020 (МИА) – Американскиот потпретседатател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „Црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“.

-Сакам да истакнам дека она што му се случи на Џорџ Флојд е трагедија. И оваа нација, посебно на празникот Џунтин, го слави фактот дека од нејзиното основање се цени идеалот дека сите, секој еден од нас, се создадени еднакови, и прифатени од нашиот креатор со одредени неотуѓиви права. Така, во навистина реална смисла, сите животи се важни, изјави Пенс во интервјуто.

Откако водителот на програмата, Афроамериканец, даде забелешка дека тој сепак не ги изговара зборовите „Црните животи се важни“ и дека постои важна разлика, „кога тоа се кажува се дава до знаење дека црните животи имаат важност, во време кога многумина во општеството не се сложуваат со тоа“.

И покрај коментарот, потпретседателот повторно избегна да го каже слоганот, истакнувајќи дека „не се сложувам со фактот дека дел од американското општество се спротивставува на бесценетоста и важноста на човечкиот живот“.

А потоа се префрли на тема за наводните економски придобивки и подобрениот животен стандард на Афроамериканската заедница во САД под претседателот на Доналд Трамп. кб/ссм/

Back to top button
Close
Close