0_Македонија.ПорталВидеоЛинк во живоПолитика

Пендаровски: Законот за дискрминација беше исчекор кон европските принципи и правила

Законот за дискрминација беше огромен исчекор во однос на достигнување на европските принципи и правила и неколку европски парламенти тоа ни ги поставија како формален услов за датум за преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната седница на Советот за безбедност.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Законот за дискрминација беше огромен исчекор во однос на достигнување на европските принципи и правила и неколку европски парламенти тоа ни ги поставија како формален услов за датум за преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната седница на Советот за безбедност.

Тој изрази очекување дека идниот Парламент ќе го стави тоа прашање на една од поитните седници, бидејќи, како што нагласи, да бидеш против закон со таква содржина во 21 век, па дури и на Балканот е срамно.

Прашан за тоа како се случило да потпише указ за Законот за дискриминација што не бил донесен со потребниот број гласови, Пендаровски, рече дека таму постои една флагрантна невистина, каде во една фраза се зборува дека „кабаетот“ за таа работа е во Кабинетот на претседателот на државата и во Собранието.

– Кабает во кабинетот на претседателот и кај мене нема никаков, а кабает има во собраниските служби и она што го нарекуваме Парламент на државата. Каде и како, ќе си прашате таму, рече Пендаровски.

Како докази за тоа, Пендаровски посочи дека Законот не е потпишан од Иванов и се смета дека има вето и се враќа назад во Собранието, каде тие мислат дека закон гласан со обично мнозинство може да биде изгласан со истото мнозинство, меѓутоа Уставот е апсолутно јасен и за оваа категорија на закони ако е вратен од претседателот, мора да имаш 61 глас.

– Во тоа време, кога тоа се случува, моите советници комуницираат со луѓето во Собранието за да им кажат дека е направена процедурална грешка, меѓутоа тоа немаше ефект и дојде кај мене на потпис. Кога доаѓа втор пат закон кај мене, јас немам право да одбијам да го потпишам. Не можам да го оспорам, морам да го потпишам меѓутоа Уставниот суд го оспори, според мене со кристално јасна правна основа, изјави Пендаровски. аа/сп/

Back to top button
Close
Close