0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Пендаровски-Задорожњук: Унапредување на соработката меѓу двете држави, особено на економски план

Унапредување на севкупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Украина, особено на економски план имајќи го предвид потенцијалот што договорот за слободна трговија меѓу двете држави го нуди, била една од темите на разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Унапредување на севкупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Украина, особено на економски план имајќи го предвид потенцијалот што договорот за слободна трговија меѓу двете држави го нуди, била една од темите на разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук.

На денешната средба, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелните случувања во двете држави, во контекст на состојбата со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките што се преземаат за надминување на последиците на здравствен, економски и на социјален план.

Двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и за потенцијалите за нивно унапредување. Политичките односи меѓу двете земји, било оценето на средбата, ги карактеризира дух на пријателство, доверба, како и соработка во повеќе области од заемен интерес.

На средбата амбасадорката Задорожњук на претседателот Пендаровски му ја предала честитката од украинскиот претседател Володимир Зеленскиј по повод 8 Септември, Денот на независноста.

-Ваша Екселенцијо!

Примете ги моите искрени честитки во име на народот на Украина и од мое лично име по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Ги ценам традиционално пријателските односи меѓу нашите држави и сум благодарен за поддршката на Северна Македонија на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Убеден сум дека заедничките приоритети на европската и евроатлантската интеграција се солидна основа за ефективно реализирање на постојниот потенцијал на нашата билатерална соработка.

Користејќи ја оваа пријатна прилика, Ви посакувам, Ваша Екселенцијо, добро здравје и успеси во одговорните државни активности, а на пријателскиот народ на Северна Македонија – мир и хармонија., пишува  Володимир Зеленскиј во честитката до Пендаровски. дма/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close