0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Пендаровски во Киев имал куси средби со Патријархот Вартоломеј, Кучма, Кличко и Бубка

На прославата по повод 30 годишнината од независноста на Украина, претседателот Стево Пендаровски имал можност да поразговара со вториот претседател на Украина, Леонид Кучма и со Вселенскиот Партијарх Вартоломеј.

Скопје, 25 август 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пандаровски на Фејсбук објави дека на прославата во Киев по повод 30 годишнината од независноста на Украина, имал можност да поразговара со вториот претседател на Украина, Леонид Кучма и со Вселенскиот партијарх Вартоломеј.

-Се сретнав и со две спортски легенди, поранешниот светски боксерски шампион, денес градоначалник на Киев, Виталиј Кличко и Сергеј Бубка, поранешниот светски рекордер во скок со стап, денес, потпретседател на Меѓународната атлетска федерација, напиша шефот на државата.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close