0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Пендаровски: Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати

Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, односно се професионално вработени во Министерството за надворешни работи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, односно се професионално вработени во Министерството за надворешни работи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Пендаровски, кој учествуваше на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје, истакна дека професионализацијата на амбасадорите била една од неговите први заложби кога станал претседател и еден од принципите на кои инсистирал во неговите првични консултации со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Владата вчера на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори во следните дестинации – Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

-Тоа е одлука на Влада и така почнува постапката, а ние претходно од пред неколку месецви имавме со владини претставници, пред се со МНР  широки консултации на таа тема. Вчера е донесена одлука и имињата  за кои е донесена одлука јас ги знам, но формално не сум ја добил одлуката на Владата кога ќе ја добијам ќе ја почнам постапката од моја страна, посочи Пендаровски.

Пред да бидат испратени идните амбасадори, додаде тој, треба да се завршат уште некои процедури, а тие исто така треба да ја презентираат својата програма пред надлежната собраниска комисија.

-И понатаму ќе се барат агремани од државите во кои ќе сакаме да ги пратиме. Тука има една временска одредница, која јас ја имав спомнав и порано, а сакам и сега да ја посочам. Се ближат избори, на 3 јануари доаѓа техничката влада, а многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието и мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. По тој датум не можете ниту да вработите, ниту да унапредите кој било службеник во државната администрација, а не пак да праќате амбасадори, рече шефот на државата.

Додаде дека испраќањето на амбасадорите треба да заврши до таа временска одредница.

-Кој ќе отиде ќе отиде, потоа не заради моја политичка волја, туку затоа што законот забранува по распуштањето на Собранието да се праќаат амбасадори. Значи ќе се чека. Ако до тој момент некој не е отиден во дестинацијата  за која е определен, тогаш ќе се чека да заврши и кампањата и изборите да се формира нова влада, значи да заврши целиот тој изборен период, истакна Пендаровски. цр/ац/

Изјава на претседателот Стево Пендаровски

Posted by MИА.mk on Петок, 13 декември 2019

 

Back to top button
Close
Close