0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Пендаровски: Многу малку како држава одвојуваме за образованието

Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Многу малку, недозволено малку, како држава одвојуваме за образованието. Процентот по глава на жител во Европа покажува дека сме на дно, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на презентацијата на проектите реализирани во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE, на Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје.

Тој истакна дека одвојувањето на средства за истражување и развој е многу мало.

– Не постои држава која има задоволителн економски раст, а одвојува толку малку, како што ние како држава одвојуваме со децении за жал, во оваа област, рече претседателот.

Тој, во однос на проектите, изготвени од страна на студентите, истакна дека се „пионерски потфат“, на кој треба да се огледаат и другите Универзитети. см/сп/

Back to top button
Close
Close