0_Македонија.ПорталПолитика

Пендаровски го прими министерот за надворешни и европски работи на Луксембург Жан Аселборн

еверна Македонија, беше потенцирано на средбата, високо ја цени силната поддршка од Луксембург и активната улога на министерот Жан Аселборн во однос на прашањето за отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија, како и за ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државата во НАТО во јули минатата година.

Скопје, 9 март 2020 (МИА)Северна Македонија, беше потенцирано на средбата, високо ја цени силната поддршка од Луксембург и активната улога на министерот Жан Аселборн во однос на прашањето за отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија, како и за ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државата во НАТО во јули минатата година.

Ова беше посочено денеска на средбата на претседателот Стево Пендаровски со министерот за надворешни и европски работи Луксембург, Жан Аселборн.

На средбата, како што се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се пријателски, со заедничка посветеност за натамошно зајакнување на соработката.

Луксембург, оцени претседателот Пендаровски на средбата, е наш ценет партнер во контекст на европската и евроатлантската интеграција. 

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешно донесување на новата методологија за водење на пристапните преговори за членство и одредување на датум за нивен почеток.

Пендаровски изрази благодарност и за техничката помош од Луксембург наменета за јакнење на административните капацитети на Северна Македонија во контекст на европските интеграции.

Во контекст на натамошното продлабочување на билатералната соработка, на средбата беше посочена потребата за зајакнување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете држави. Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за директни инвестиции од луксембуршки компании.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи ги предизвиците поврзани со нелегалната миграција. ац/

Back to top button
Close
Close