0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПарламентарни избори 2020Политика

Пендаровски-Андрикиене: Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе придонесе за успешен изборен процес

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули, при што беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од девет експерти, во насока на набљудување на изборниот процес.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули, при што беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од девет експерти, во насока на набљудување на изборниот процес.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, заблагодарувајќи се за брзото распоредување на оценската мисија, Пендаровски го реафирмираше своето очекување изборите да бидат спроведени според највисоките стандарди и критериуми, како што доликува на земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија која треба да ги почне пристапните преговори.

– На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за работата на мисијата и изрази уверување дека нивниот ангажман ќе придонесе за успешен изборен процес, кој поради пандемијата на КОВИД-19 ќе се одвива во специфични услови, се наведува во соопштението. вг/сп/

Back to top button
Close
Close