Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Пелоси: Конгресот нема да биде заложник на вето од претседателот околу воени напади врз странски сили

Конгресот мора и треба да биде консултиран пред да се нападне странска сила и затоа Претставничкиот дом ќе гласа резолуција за ограничување на правата на претседателот да нанесува селективни напади врз други земји, изјави денеска спикерката Ненси Пелоси.

Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) – Конгресот мора и треба да биде консултиран пред да се нападне странска сила и затоа Претставничкиот дом ќе гласа резолуција за ограничување на правата на претседателот да нанесува селективни напади врз други земји, изјави денеска спикерката Ненси Пелоси.

Резолуцијата, спонзорарана од новoизбраната демократска конгресменка Елиса Слоткин, поранешен оперативец во Централната разузнавачка агенција, се базира на конгресната резолуција за воени надлежности донесена во 1973 година.

Пелоси, која синоќа објави дека Конгресот има намера да изгласа ограничување на правата на претседателот да нанесува оружени удари без консултација на законодавниот дом, изјави дека резолуцијата има „вистински заби“ и полемизира со законските прашања за валидноста на овој чекор.

Додаде дека Конгресот нема да биде заложник на претседателот на САД.

-Ова е изјава од Конгресoт на САД и нема да дозволам да биде засенета со вето (од претседателот), изјави Пелоси.

Таа уште еднаш ја осуди aдминистрацијата поради пропустот да го извести Конгресот пред воздушниот напад врз иранскиот воен лидер Касем Сулејмани во петокот.

-Ние мора да избегнеме војна и високомерниот однос на оваа администрације е зачудувачки, изјави таа.

Во врска со неиспраќањето на предметите за импичмент на претседателот Доналд Трамп до Сенатот, Пелоси изјави дека таа не ги задржува „бесконечно“ и дека најверојатно ќе ги прати набргу.

Спикерката претходно изјави дека Претставничкиот дом нема да ги испрати предметите се додека лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, не објави резолуција за правилата според кои ќе се одвива судењето за импичмент на Трамп. кб/сд/

Back to top button
Close
Close