0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Пекевски: Со енергетска ефикасност намалена потрошувачката на струја во повеќе институции и установи во Берово

Имплементацијата на енергетско-ефикасни проекти во Берово е на задоволително ниво истакна денеска на прес конференција по повод Меѓународниот ден на енергетската ефикасност,  градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој ги презентираше проектите, кои општината ги има реализирано преку примената на енергетската ефикасност која според него резултирала со намалена потрошувачка на електрична енергија во повеќе институции и установи во градот.

Берово, 5 март 2021 (МИА) – Имплементацијата на енергетско-ефикасни проекти во Берово е на задоволително ниво истакна денеска на прес конференција по повод Меѓународниот ден на енергетската ефикасност,  градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој ги презентираше проектите, кои општината ги има реализирано преку примената на енергетската ефикасност која според него резултирала со намалена потрошувачка на електрична енергија во повеќе институции и установи во градот.
-Минатата година, благодарение на политиките на Владата на РСМ, преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, во Општина Берово, реализирани се голем број проекти меѓу кои и поставување на  енергетски ефикасна столарија во општинската зграда и Домот за култура. Столаријата беше променета и во деветолетката „Дедо Иљо Малешевски”, каде исто така го заменивме кровот, инсталиравме печки на пелети, а исто така е инсталирана и нова енергетски ефикасна фасада, истакна Пекевски.
Меѓу позначајните проекти Пекевски ја напомена и подобрувањето на енергетската ефикасност во Домот за стари лица во Берово.
-Домот за стари лица во Берово, е изграден под сите стандарди за енергетски ефикасни објекти, вклучувајќи сончеви панели, термо фасада, столарија и систем на затоплување. Со средства од ЕУ, преку Министерство за финансии, фотоволтаични системи исто така се инсталирани во гимназијата „Ацо Русковски”, деветолетката „Дедо Иљо Малешевски” и Пречистителната станица за отпадни води, додаде Пекевски.
Во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, општина Берово како што додаде, ќе продолжи со промена на уличните светилки на повеќе улици во градот, што според него ќе влијае за намалена потрошувачка на енергија. вс/лв/

Back to top button
Close
Close