Дописници МКДОпштински вести

Пекевски: Градежната офанзива во Берово и Малешевијата за подобрување на патната инфраструктура продолжува и во услови на КОВИД-19

Патната инфраструктура во Берово и Малешевијата е подобрена како никогаш досега, а градежната офанзива и во услови на пандемија ќе продолжи со засилено темпо. Ова го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој претставувајки го сработеното, додаде дека се гради по план за современа инфраструктура и подобар живот на граѓаните.

Берово, 23 јуни 2020 (МИА) – Патната инфраструктура во Берово и Малешевијата е подобрена како никогаш досега, а градежната офанзива и во услови на пандемија ќе продолжи со засилено темпо. Ова го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој претставувајки го сработеното, додаде дека се гради по план за современа инфраструктура и подобар живот на граѓаните.

-Дури и во вонредни околности, во услови на пандемија не запира градежената офанзива, а во Берово и Малешевијата се гради како никогаш досега. Се движиме сите низ Берово, низ Малешевијата, низ државата, лесно е да види и забележи колку патишта се изградени, реновирани, реконструирани и колку се од корист на сите граѓани. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период, истакна Пекевски.
Тој наброи неколку улици, кои во мандат од три години во Берово се направени или целосно се почнати од почеток.
-Во Берово се изградени или се градат улиците „Плачковица“, „Јуриј Гагарин“, „23 Август“, „Којова ливада“, „Моша Пијаде“. Асфалтирани се улиците „Малешка“, „Бел Камен“, „Марксова“, „Карпош“, „Крушевска Република“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“, како и улиците „Борис Кидрич“ и „Димитрие Туцаковиќ“. Како најзначаен проект ќе ја издвоиме реконструкцијата на патот Берово – Клепало, каде го чекаме финалното завршување на последната делница од страна на Р. Бугарија, за да може да се пушти граничниот премин. Освен тоа во селските средини изградени се и неколку улици во Мачево, Русиново, Смојмирово и уште многу други со што покажуваме дека ниту еден единствен денар не е отиден погрешно, додаде Пекевски.
Хаосот кој општината го наследила поради непланското работење, како што додаде Пекевски на денешната промоција на проектите, ги мотивирал локалните власти со домаќински, чесен и одговорен и европски пристап, општината да инвестира во најнеопходните работи со цел обезбедување подобра инфраструктура за сите. вс/вј/

Back to top button
Close
Close