БизнисБизнис.Портал

Пекабеско донираше седум тони храна за најпогодените граѓани од коронакризата

Компанијата „Пекабеско“ донираше седум тони храна за граѓаните кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот. Од компанијата денеска информираа дека во текот на јуни и јули, во соработка со Црвениот крст, донирани се пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи се користат и за потребите за бездомните лица.

Скопје, 31 јули 2020 (МИА) – Компанијата „Пекабеско“ донираше седум тони храна за граѓаните кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот. Од компанијата денеска информираа дека во текот на јуни и јули, во соработка со Црвениот крст, донирани се пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи се користат и за потребите за бездомните лица.

Во текот на мај 2020, „Пекабеско“ ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје.

Од компанијата информираат дека кон крајот на април на покана на претседателот на државата се приклучиле и кон проектот „Волонтираме за солидарно општество“ со цел да се соберат прехранбени продукти и хигиенски производи за најранливите категории на граѓани, а во март извршиле и аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година со што дале конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

– Дополнително, од самиот почеток на коронакризата како компанија Пекабеско ги зајакнав превентивните мерки, а со цел да се избегне групирање и користењето на јавен превоз, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место. И покрај големата побарувачка, цените на производите на Пекабеско во текот на целиот овој период останаа непроменети, посочуваат од компанијата. бак/лв/

 

Back to top button
Close
Close